Наполи со помош на ВАР се спаси од шокантен пораз, делумна радост во Милано

Головите на Фабијан Руис и Дрис Мертенс за водство од 2-0 не му беа доволни на Наполи да победи на гостувањето кај Сасуоло. По излегувањето од игра на двајцата стрелци на Наполи, домашните во финишот направија целосен пресврт и извлекоа 2-2, а дадоа и трет гол, кој беше поништен по прегледување на снимката поради фаул во напад.

Наполитанците се на првото место со еден бод пред Милан, кој вечерва ја совлада Џенова со 3-0, но остана без Кјер, кој се повреди. Интер има два бода помалку, а Аталанта е на пет од Наполи.

По првото полувреме немаше голови, а влегувањето на Елиф Елмас на стартот на вторите 45 минути како да го живна Наполи и тимот од југот на Италија поведе со 2-0. Сепак, решија да го бранат водството и во финишот за малку ќе доживееја шок, иако и со 2-2 не треба да бидат задоволни. Ферари во 89-тата минута беше стрелец на голот кој донесе радост во Реџо Емилија, па и во Милано.

- Оглас -

Најнови вести