13.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Наполи со пресврт ја победи Џенова, Елмас остана на клупата (Видео)

Актуелниот италијански првак Наполи стигна до петата победа во шестото коло на Серија А, откако со 2:1 пред своите навивачи ја победи Џенова. Наполи беше голем фаворит пред мечот, но на теренот не беше така лесно.

Џенова изненадувачки поведе со погодокот на Екатор во 34 минута, па гостите имаа водство од 1:0 на полувреме.

Наполи „се разбуди“ во вториот дел. Домаќините израмнија со голот на  Франк Ангуиса во 57 минута, а голот на Камерунецот може да го видите ТУКА.

Актуелниот првак продолжи да напаѓа и тоа се исплатеше да се направи ценосен пресврт. Се играше 75 минута кога Хојлунд даде гол за 2:1, што на крајот се покажа и како доволно за освојување на трите бода. Победничкиот погодок на Наполи може да го видите ТУКА.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупата за резерви во тимот на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести