Наполи водеше 2-0, а не победи, Лече преку драма и пенал во 101-ва минута до опстанок

Болоња и Наполи ремизираа 2-2 во меч на кој новиот првак со два гола на Виктор Осимен водеше со 2-0, а драма имаше на другиот меч од Серија А каде Лече ја победи Монца со 1-0, со гол од пенал во 11-тата минута од судиското продолжение.

Во 84-та минута при 0-0, Монца утна пенал, а кога се чинеше дека Лече трето коло по ред ќе одигра нерешено и ќе нема теоретски обезбеден опстанок на коло до крај, гостите дадоа гол од пенал за победа и сега е јасно дека од лигата ќе испадне Верона или Специја, покрај Сампдорија и Кремонезе кои веќе се во аут.

- Оглас -

Најнови вести