Германската спортска страна SPORTSRENDER, која има над 150.000 следбеници се специјализира за информации поврзани со стадиони од целиот свет. На последната креирана листа, на фејсбук-страницата SportsRender е објавена листа на десетте најдобри стадиони на Балканот.
На оваа листа од Топ 10 стадиони на Балканот има фудбалски зданија дури од седум различни земји. Секако, меѓу 10-те најубави стадиони на Балканот се најде и македонската спортска гордост, арената „Тодор Проески“.
Во описот за Арената „Тодор Проески“ стои дека има капацитет од 33.011 гледачи. Позната е како дом на ФК „Вардар“, најуспешниот фудбалски клуб во земјата, а таму игра и Работнички, а, секако, и националната репрезентација на Македонија.
Отворен во 2009 година и именуван по легендарниот македонски пејач Тодор Проески, стадионот оддава почитт кон неговиот спомен како сакана национална личност. Со капацитет од околу 33.000 места, тоа е најголемиот стадион во Македонија и клучно место за домашни и меѓународни фудбалски натпревари. Стадионот е познат по својот модерен дизајн, страсната база на навивачи и како симбол на гордост за македонскиот спорт и култура.
Комплетната листа на Топ 10 најдобри стадиони на Балканот може да ја видите ТУКА.