Во англиската Премиер лига досега се одиграаа девет кола односно речиси една четвртина од првенството, а табелата делува необично. Арсенал е лидер што и не е големо изненадување знаејќи дека Топчиите во последните неколку сезони се сериозни конкурентни на Манчестер сити и Ливерпул.
Сепак, чудно делува фактот дека во Топ 4 се и Борнмут, Тотенхем и Сандерленд, екипи кои имаат одлични резултати. Дури потоа следуваат гигантите Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Ливерпул, а Челзи е дури деветти.

Платформата за статистика и пресметки, „Опта“ направи анализа и според пресметките, го даде предвидувањето за тоа како ќе изгледа табелата во Премиер лигата на крајот од сезоната.
Арсенал се очекува да биде новиот шампион со освоени 80 бодови. Потоа ќе следуваат Манчестер сити со 69 бодови и Ливерпул истотака со 69 бодови. Челзи би имал 60 бодови на четвртото место, а Астон вила со 60 бодови би била петта.
Изненадување или не, Манчестер јунајтед повторно треба да има разочарувачка сезона и на крајот би завршил на десетото место со 57 бодови.
Екипите кои треба да испаднат според оваа калкулација се Нотингем форест, Вест хем и Вулверхемптон.

