Комплетното 10. коло од Втора фудбалска лига на Македонија се игра денеска. Седум мечеви ќе започнат од 13:30 часот, а дербито во Штип меѓу Брегалница и Детонит ќе се игра од 17 часот под рефлектори.
Брегалница е лидер на табелата со 23 бодови и е без пораз. Детонит е тим кој игра многу цврсто посебно во одбраната и досега прими само шест голови. Минатата сезона двата меча на овие ривали завршија со резултат 1:1.
Шкендија Арачиново која има пет победи по ред е голем фаворит за победа против Победа Прилеп екипа која ќе се бори за опстанок. Во незавидна ситуација е и Тетекс кој освои само седум бодови во првите девет кола и сега е под притисок да брка триумф на свој терен против Осогово.
Двојки за 10 коло: од 13:30 часот Тетекс – Осогово, Победа – Шкендија (А), Кожуф – Беласица, Вардар (Н) – Слога (В), Новаци – Горно Коњари, Саса – Скопје, Преспа – Охрид, а од 17 часот Брегалница – Детонит.
ТАБЕЛА: Брегалница 23, Шкендија (А) 23, Охрид 18, Скопје 17, Детонит 17, Кожуф 16, Беласица 16, Осогово 13, Новаци 13, Саса 10, Победа 10, Вардар (Н) 9, Тетекс 7, Преспа 6, Слога (В) 3, Г. Коњари 3.

