Еден од топ 5 најголеми градови во Европа, Берлин кој има 3,7 милиони жители денеска ќе испише фудбалска историја. За прв пат во историјата ќе се случи Херта и Унион да ги играат своите домашни натпревари на ист ден.
Да биде уште поинтересно, двата натпревари ќе се играат пред полни трибини што значи дека вкупно повеќе од 100.000 гледачи ќе има на двата натпревари.
На Олимпискиот стадион во западниот дел од градот ќе играат Херта и Динамо Дрезден, а на стадионот „Алте Ферстереј“, кој е оддалечен 37 километри на југоистокот од градот, ќе биде домаќин на натпреварот помеѓу Унион и Фрајбург.
Покрај домашните фанови, свои навивачи ќе имаат и гостите. Фановите на Динамо Дрезден се познати дека одат на сите гостувања во голем број, па за денеска е најавено дека на „Олимпискиот стадион“ ќе има дури 25.000 навивачи. Унион Берлин ќе има помал проблем бидејќи „само“ 2.400 навивачи на Фрајбург ќе ги посетат.
Она што полицијата веќе го идентификуваше како потенцијален проблем, и покрај големата оддалеченост помеѓу двата стадиони, е потенцијален судир меѓу навивачите на Динамо и Унион, кои се на спротивните страни од политичкиот спектар: навивачите на Динамо се наклонети кон десно во последните години, додека навивачите на Унион се претежно левичарски ориентирани.
Се очекува 1.200 полицајци да ги обезбедат двата натпревари.

