Тринаесет парови од фудбалски мечеви од основната понуда, плус два резервни кои се сметаат за бодувањето за Генералниот пласман од вчера ви се на располагање за типување во рамките на петтото коло на популарната Спортска прогноза што за вас ја приредуваат обложувалниците на Sport Life и Спорт Манија.
Има неколку интересни мечеви, тука е дербито на Италија помеѓу Интер и Јувентус. Тимот од Милано засега само победува во Серија А и ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Старата дама.
И ова коло стандардно ќе почне со бундеслигашки дуели, во сабота од 15.30 часот, и тоа е терминот до кој можете да прогнозирате и да ги менувате своите типови.
Во претходните две кола, во Спортска прогноза учествуваа повеќе од 1.000 прогнозери кои имаат SL картичка, што е задолжителен услов за учество.
Наградите се добро познати, но да потсетиме: за прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки од основната програма, наградата е iPhone XS, за 12-ка се добива ваучер од 1.000 денари, а 500 денари ваучер од Sport Life е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма. Во минатото коло имаше двајца прогнозери со 11 погодоци.
Учеството во секое коло е императив во битката за врвот во Генералниот пласман, се бројат и поените од резервните двојки, а и тука наградите се примамливи.
Најдобриот прогнозер во втората сезона ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000 и 200.000 за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ-5.