Направи пенал додека му честиташе на голманот за добрата одбрана (Видео)

Екипите на АБЦ и Маранхао одиграа 2:2 во првото коло од бразилскиот Копа дел Нордесте, а гостите се тие кои жалат што не се радуваа на триумф. Се играше 95-тата минута, а резултатот беше 2:1 за Маранхао кога домаќините беа во напад, а голманот на гостите успеа да одбрани.

Сакајќи да му честита на својот голман, затоа што речиси беше јасно дека тоа е последниот напад на средбата, гостинскиот играч Јан Балдез случајно ја допре топката со рака. Судијата немаше дилеми и тоа беше доволно да досуди пенал за противникот.

Интересно е тоа дека голманот успеа да го одбрани пеналот, но не и ударот по одбиената топка, па на крајот средбата заврши 2:2.

- Оглас -

Најнови вести