Насилство во Србија: Тренер почна да вика и да тепа 16 годишно девојчe сред натпревар (ВИДЕО)

Европските кошаркарски тренери, особено тие што доаѓаат од Балканот се познати по својот строг карактер и неретко знаат да се дерат и да кажат несоодветни зборови пред играчите.

Сепак, видеото кое што доаѓа од соседна Србија ја згрози јавноста во оваа држава а на него, тренерот на кошаркарскиот клуб Раднички од Крагуевац, Бане Зечевиќ е „фатен“ како и вика, а потоа и како удара една од кошаркарките.

Навистина ова ги преминува сите граници, а се надеваме дека тренерот ќе добие соодветна казна која што ќе му го промени менталитетот.

- Оглас -

Најнови вести