Наследникот на Клоп со себе од Португалија ќе донесе „ѕвер“ во одбраната

Од пред неколку недели откако Јирген Клоп јавно соопшти дека налето си заминува од клупата, челниците на Ливерпул се во потрага во нов менаџер кој ќе ја води екипата од следната сезона и доколку не дојде до пресврт и договор со Чаби Алонсо, тогаш новиот тренер ќе дојде од Португалија, кој со себе ќе донесе и дефанзивец.

Чаби Алонсо, кој го води Баер Леверкузен кон титулата во Бундеслигата, е прв избор на управата на Ливерпул, но Баерн Минхен е сериозен конкурент и според медиумите, има голема предност пред Црвените.

Поради тоа, челниците на Ливерпул сериозно размислуваат да го ангажираат тактичкиот генијалец од Португалија, Рубен Аморим, кој седи на клупата на Спортинг Лисабон.

 

За тоа колку добро Аморим си ја врши својата работа, доказ е лидерската позиција на табелата во португалскиот шампионат пред екипи како Порто и Бенфика.

Според весникот „Дејли мејл“, работата на Аморим се следи неколку недели, а во око им паднале и игрите на дефанзивецот Осман Диоманде. Станува збор за 20-годишен фудбалер кој е висок 190 сантиметри и игра на позицијата централен дефанзивец.

Според скаутите, Диоманде би бил идеален партнер на Вирџил ван Дајк во одбраната на Ливерпул во иднина.

Спортинг Лисабон за да го пушти Диоманде, бара 70 милиони евра и за очекување е тренерот и дефанзивецот во пакет заедно налето да пристигнат на „Енфилд“ само доколку пропаднат преговорите со Чаби Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести