Насмеани лица и позитивно расположение, Македонија тргна да го „освои“ Копенхаген (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација „ги запали моторите“ за пат во Данска. Експедицијата е на скопскиот аеродром, од каде што ќе лета кон Копенхаген, на бараж-дуелот за пласман на Светско првенство 2026.

Многу позитивна атмосфера и насмеани лица кај сите репрезентативци во пресрет на историскиот меч кој ќе се игра в четврток во Копенхаген. Целта е јасна, Македонија да ја елиминира фаворизираната Данска и да се стигне само на еден чекор од пласман на Мундијалот кој ќе се игра ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести