Натрапник влегол во тренинг-центарот на Баерн и му се пуштил на Ковач

Германските медиуми информираат дека натрапник успеал без дозвола да влезе во тренинг-центарот на Баерн Минхен. Цел на сторителот било да го пресретне тренерот Нико Ковач, по што го фатил стратегот за нозете и не го пуштал.

За среќа, обезбедувањето брзо реагирало, а откако пристигнала полицијата, непознатиот човек бил приведен.

Засега не е позната причината ниту пак што се обидел да направи натрапникот, но од клубот потврдија дека ќе поднесат тужба против него. Од полицијата тврдат дека сторителот никому не наштетил, особено не на хрватскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести