Навас не сака да биде резерва, веќе разгледува опции за заминување

Кејлор Навас не може да се помири со својот нов статус во тимот на Реал Мадрид, Костариканецот не сака да биде резерва на Куртоа. Фрустрацијата кај него расте со секој меч што го поминува седејќи на клупа, па шпанските медиуми велат дека Навас е подготвен да го напушти Мадрид по крајот на оваа сезона, со цел повторно да игра од викенд за викенд.

Особено му се налути на тренерот Солари во пресрет на последниот дуел од групите во ЛШ, во кој Реал на „Сантијаго Бернабеу“ претрпе пораз од ЦСКА Москва со 3-0. Солари на тој меч им даде шанса на неколку младинци, односно реверви од тимот, па се очекуваше Навас да застане на голот. Сепак, стратегот се одлучи за Куртоа, а наводно костариканскиот чувар на мрежата ќе добива шанса само во Кралскиот куп.

Навас беше незаменлив кај Зидан во сите три сезони во кои Реал ја освои европската титула, а неговиот статус се смени по доаѓањето на Лопетеги, но и купувањето на Куртоа од Челзи летово.

Актуелниот европски шампион денес го пречекува Рајо Валјекано во рамките од 16. коло во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести