Навивач му подметна шише со мокрача на голманот кој подоцна се напи, а на крајот прскаше со урината (Видео)

Во Англија фудбалот не сопира дури и кога има Светско првенство. Во меч од ниските лиги, на дуелот меѓу Варингтон таун и Гуисел се радуваа гостите со 1:0, но сепак фудбалот падна во втор план.

Причина за тоа е еден гостински навивач кој направи нешто многу непристојно, а потоа следеше реакција од домашниот голман. Во 60 минута, домашниот голман Тони Томпсон доби директен црвен картон, а на никој не му беше јасно зошто домашниот чувар реагираше на тој начин на кој што реагираше за да биде исклучен. Подоцна стигна објаснувањето за целата ситуација.

„Успеавме да поразговараме со нашиот голман Томпсон. Гостински навивач го украл неговото шише и уринирал во него. Томпсон не знаел што се случило и го земал шишето за да пие вода. Кога сфатил што се случило, успеал да го пронајде навивачот што го направил тоа и да го полие со неговата мокрача. Затоа и доби црвен картон“, стои во клупското објаснување од тимот на Варингтон таун.

Подоцна и самиот голман реши да се огласи преку социјалните мрежи и да ја раскаже целата ситуација.

„Денеска престанав да ја сакам оваа игра. Навивачите ме навредуваа со секакви имиња, но некој да уринира во моето шише и јас потоа да се напијам од него, па некој да ми објаснува дека не сум требал да реагирам така како што реагирав затоа што сум бил играч, е навистина ужасно. Тој човек го загрози моето здравје, здравјето на моето семејство. Едноставно ми е мака од целата оваа ситуација“, наиша Томпсон.

На крајот се појави и видео од моментот кога всушност навивачот му подметнува друго шише на голманот.

- Оглас -

Најнови вести