Навивач на Манчестер јунајтед купи дрес на Сити со потпис на Агуеро за да го уништи (Видео)

Мајкл Куни е човекот кој бил дел од една аукција на која, меѓу останатите предмети, се продавал и дрес на Манчестер сити со потпис на Серхио Агуеро. Куни ја дал најголемата понуда за купување на тој дрес и платил 200 фунти за да го добие.

Откако го земал дресот, Куни веднаш започнал да го кине дресот, а луѓето во салата збунето гледале. Потоа Куни им објаснил дека тој е навивач на Манчестер јунајтед и дека тоа се најдобро потрешените 200 фунти во неговиот живот.

Навивачот на Јунајтед објаснил дека Агуеро му е еден од најомразените фудбалери поради голот што Аргентинецот го даде во последната минута од последното коло во 2012 година, кога тој погодок на Сити му ја донесе шампионската титула, а градскиот ривал Јунајтед заврши на второто место.

 

- Оглас -

Најнови вести