Не е ни прв, нема да биде ни последен пат на стадион во Колумбија да се случи инцидент, но ова од синоќа беше нешто навистина необично.
Додека играчите на Толима и Милионариос ги правеа последните подготовки пред почетокот на средбата, еден домашен фан влета на теренот и физички го нападна играчот Даниел Катањо.
Катањо тргна да се пресмета со навивачот, го стигна и го турна на земја. Тогаш работата во свои раце ја презедоа полицијата и судијата на мечот. Полицијата го приведе агресивниот хулиган, а судијата му покажа црвен картон на Катањо.
Мечот не се одигра бидејќи повеќе од јасно беше дека нема загарантирана безбедност на актерите на теренот и ги нема потребните услови за игра.