Навивач влезе на терен и го бркаше судијата затоа што досуди пенал против неговиот тим (Видео)

Некогашниот Премиерлигата, екипата на Портсмут сега е дел од Лига Еден, односно третата по квалитет лига во Англија. По 29 одиграни меча, Портсмут е лидер со 59 бодови. Во вчерашниот меч на гостувањето кај Порт Вејл, Портсмут победи минимално со 1:0, а единствениот гол гостите го постигнаа од пенал и тоа во 88 минута.

Оваа одлука да биде досуден пенал за гостите воопшто не му се допадна на еден навивач на домаќините, па втрча на теренот и изненадувачки, почна да го брка главниот судија.

Арбитарот навремено реагираше и успеа да избега додека навивачот не биде задржан и исфрлен од теренот.

Порт Вејл по овој пораз остана во долниот дел од табелата со само 30 бодови, што е три повеќе од зоната за испаѓање.

https://twitter.com/i/status/1751508507248021787

- Оглас -

Најнови вести