Навивач втрча на терен и нокаутира фудбалер, па доби контраудар, а на крајот судијата стави „шлаг“ на хаосот (Видео)

Дуелот меѓу Толима и Милонариос во колумбиското првенство не се одигра поради инцидентот што се случи непосредно пред почетокот. Навивачите на домашниот тим со нетрпение го очекуваа овој меч, затоа што на стадионот „Мануел Мурилјо Торо“, за прв пат по трансферот, се врати Даниел Катано.

Кога Катано се појави на стадионот, доби силни свирежи и негодувања од домашните фанови, чиј миленик беше до неодамна. Додека траеше загревањето, еден навивач на Толима успеа да втрча на теренот и од зад грб да го удри Катано. Навивачот почна да бега, а Катано веднаш стана и тргна да му врати. Фудбалерот го стигна навивачот и го турна на земјата.

За овој потег на Катано, судијата му даде директен црвен картон. Тогаш следуваше реакција од гостинските фудбалери кои не сакаа да излезат на теренот и да играат затоа што не се чувстувале безбедни, па средбата воопшто не започна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести