Навивачите на Ајакс поставија еден необичен рекорд

Ајакс уште еднаш докажа дека е најдобар тим во Холандија и на „Амстердам арена“ пристигна уште еден шампионски пехар. За време на мечот на кој Ајакс ја славеше титулата, фановите кои беа на трибините поставија еден неочекуван рекорд.

Капацитетот на „Амстердам арена“ е 55.000 гледачи, а бројот на испиени пива бил неверојатен, дури 65.000 чаши од половина литар пиво се испиле како дел од славјето.

Ајакс со 5:0 го победи Херенвен, а бројот на испиени чаши пиво беше доволен да се постави еден необичен рекорд на „Амстердам арена“.

- Оглас -

Најнови вести