Навивачите на Арсенал ја поздравија 15-годишната сензација со школска песна: Утре ќе одиш на училиште… (Видео)

Итан Нванери со 15 години и 181 ден стана најмладиот фудбалер што настапил во англиската Премиер лига, откако денеска влезе во игра во 92. минута за Арсенал против Брентфорд, а навивачите го дочекаа и испратија со школска песна.

„Утре ќе одиш на училиште…“ му пееја расположените гостински навивачи на Нванери по победата против Брентфорд со 3:0 во лондонското дерби.

Се уште дете на неполни 16 години, Нванери го урна рекордот на Харви Елиот од Ливерпул, кој дебитираше на 16 години и 30 дена за Црвените од „Еннфилд роуд“.

Сега младиот играч на Арсенал е најмладиот фудбал во историјата на Премиер лигата што настапил на официјален меч во англиското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести