Навивачите на Бока јуниорс приредија спектакл во чест на роденденот на Марадона (ФОТО+ВИДЕО)

Дуелот меѓу Бока јуниорс и Гимнасија Ла Плата беше прекинат во 10-тата минута. во чест на роденденот на легендарниот Диего Армандо Марадона.

На легендарниот стадион „Бомбонера“ светлата беа угасени, а потоа следуваше спектакл.

На трибините беше развиорен голем транспарент во чест на легендата и беше извикувано неговот име, а потоа дресот со „десетката“ на Марадона беше пуштен во воздух со балони.

Прославениот аргентински фудбалер е роден на 30 октомври 1960, а почина на 25 ноември минатата година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести