Борусија Дортмунд игра историски меч на свој терен против Селтик откако уште по првото полувреме стигна до убедлива предност од 5:1 во меч од Лигата на шампиони. Освен шесте погодоци кои беа постигнати во првите 45 минути, на стадионот „Сигнал Идуна парк“, посебно внимание предизвика кореографијата на домашните фанови.
„УЕФА мафија“ стоеше низ целата трибина, порака испратена до челниците на Европската фудбалска куќа.
🚨🇩🇪 Borussia Dortmund fans with huge tifo saying “UEFA MAFIA” 😳
The bottom bit says “You don’t care about the sport – all you care about is money!” (@berger_pj) pic.twitter.com/RQB52AlpZJ
— EuroFoot (@eurofootcom) October 1, 2024