Навивачите на Динамо направија нереди во Севилја

Граѓаните на Севилја не се нешто посебно заинтересирани за вечерашниот меч помеѓу Севилја и Динамо Загреб од Лигата на Европа, Андалузијците се сигурни во победа и за нив дуелите со хрватскиот првак се само попатна станица на патот до финалето.

Но, затоа навивачката група „Бед Блу Бојс“ со инциденти синоќа и искршени излози ги потсети фановите од Севилја дека вечер се игра фудбалски меч. Инаку, и во 2016 година популарните БББ правеа инциденти во Севилја, тогаш имаше и тројца уапсени.

Околу 700 полицајци се ангажирани да го одржуваат редот и мирот низ градот, а вечер се очекува на трибините на „Рамон Санчес Пичуан“ да има околу 1.700 навивачи на тимот за којшто играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести