Навивачите на Германија и Австрија направија бранови какви што не се видени (Видео)

Германската репрезентација во дуелот со Австрија славеше со 34-22 и демонстрираше сила и квалитет, го разби тимот кој беше многу подобар од Македонија во првата фаза на овогодишното ЕП. Со оваа победа, Германија си обезбеди битка за петтото место и ќе чека да види кој ќе им биде ривал во Стокхолм.

Тимо Кастенинг беше прв стрелец кај Панцерите со 6 гола од 7 шута, додека пет гола од пет обиди имаше Тобијас Рајхман. Ист биланс имаше и Никола Билик од Австрија. На Германците во групите им останува уште мечот со Чешка.

Публиката во Виена добро се забавуваше, погледнете како изгледаше правењето на популарните бранови. Верувале или не, не станува збор за забавена снимка:

https://twitter.com/i/status/1219359728062619648

- Оглас -

Најнови вести