Навивачите на Хајдук помагаат во преселба на болница во Сплит

Навивачите на Хајдук Сплит, популарната група Торцида, уште еднаш покажаа дека знаат да бидат први кога му е потребна помош некому. Откако пред неколку години беа први во гаснењето на пожарот во Далмација, сега се активираа и во помош против Коронавирусот.

Денеска во Сплит започна селење на голем дел на болничка опрема од една во друга болница. Едната болница ќе биде само да ги прима оние кои се заболени од Коронавирусот, па затоа останатите апарати кои нема да бидат потребни во следниот период, се селат на друга локација, во друга болница.

Околу 60-тина навивачи на Хајдук први се ставија на помош за да се преместат сите апарати, кревети, мебел и сè останато во другата болница.

- Оглас -

Најнови вести