Навивачите на Хајдук се шегуваат со Динамо Загреб: „Максимир“ доби ново име (Фото)

Фудбалерите на сплитски Хајдук со голема победа од 0-1 си заминаа од гостувањето кај Динамо Загреб во петокот. Стрелец на единствениот погодок беше Марко Ливаја, а тоа беше причина за големо славење во Далмација, но и многу шеги на интернет.

Една од нив е преименувањето на стадионот „Максимир“ на Google maps откако некој од корисниците го променил името во „Шеталиште на Марко Ливаја“ во „чест“ на стрелецот за победничкиот гол за Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести