Навивачите на Ливерпул со нетрпение го чекаа овој момент (видео)

Долгото отсуство на Вирџил Ван Дајк е една од главните прични што Ливерпул сезонава потфрли на сите фронта. Дупката која ја остави во одбраната скапо ги чинеше Црвените, но утехата се наоѓа во неговиот камбек за финишот од сезоната.

Актуелниот англиски првак е во борба за пласман во топ 4, што би значело учество во Лигата на шампионите, а со Ван Дајк таа мисија би била полесно остварлива. Холандскиот стопер ги израдува навивачите на Ливерпул со објавеното видео на „Твитер“. Како што може да се види, Ван Дајк потполно закрепна од операцијата на коленото, а веќе одредено време вежба и со топка.

И Клоп со нетрпение го чека неговиот камбек, додека за нас и не е толку убава вест, ако се знае дека македонската фудбалска репрезентација на ЕП ќе се соочи со Холандија во групната фаза, која би била далеку посилна доколку Ван Дајк биде дел од националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести