Третата гарнитура дресови на Манчестер јунајтед за следната сезона се појави на некои сајтови на Интернет, а фановите на Црвените ѓаволи сметаат дека подобро да не ги видеа, и се молат да не е точно дека тимот ќе игра во оваа „зебра“ комбинација.
Многумина го исмеваат дизајнот, а од препознатливите работи тука се само грбот на клубпт и трите линии на рамењата кои се заштитен знак на „Адидас“, компанијата која го снабдува клубот со спортска опрема.
„Изгледаме како да сакаме да ги хипнотизираме ривалите“, „Напаѓачите на противниците ќе мислат дека се на пешачки премин“, „Че изгледеме глупаво во овие пижами“, се некои од најбруталните критики.