Навивачите на Парма до Буфон: Ти си мал човек, не може да се вратиш како херој (Фото)

Навивачката група на Парма, пред стадионот „Енио Тардини“ истакнаа транспаренти со кои го искажаа негативното мислење за доведувањето на 43-годишниот Џанлуиџи Буфон кој во претстојната сезона ќе им помогне да се вратат во Серија А.

Буфон своето деби во италијанското првенство го имаше во дресот на Парма во 1995 година, а во летото 2001 година си замина, и прејде во во Јувентус за 50 милиони евра. Пред дваесет години Буфон ветуваш дека никогаш нема да замине во Јуве, но три недели подоцна потпиша за Старата дама.

Војводите вчера го официјализираа враќањето на Буфон, но тоа предизвика незадоволство кај фановите.

„„Сега се враќаш во единствениот клуб со кој освои нешто во Европа. Можеме да кажеме дека си мал човек. Си замина како платеник, не може да се вратиш како херој. Почитувај го дресот“ – напишаа фановите.

Буфон при враќањето рече Парма е неговото минато и негова иднина, и дека ја носи во срце.

- Оглас -

Најнови вести