Навивачите на Селтик жестоко протестираа против УЕФА (Видео+Фото)

Селтик го победи Ференцварош со 2-0 во меч од Лигата на Европа, кој се играше во необичен термин, вторник 15.30 часот. Глазгов ренџерс исто така во ова коло игра дома и ќе си игра во стандардниот термин во четврток вечерта, па УЕФА одлучи Селтик да биде домаќин во друг термин.

Оваа рана сатница што ја одреди УЕФА многу ги налути фановите на шкотскиот тим, па тие со навредлив транспарент покажаа што мислат за играњето преку ден во работно време.

Фурухаши и Турнбул беа стрелци на головите за Селтик, тим кој во првите две кола против Бетис и Баер Леверкузен примаше по четири гола. Селтик утна и пенал при 1-0.

Ова е убавиот гол на Јапонецот за 1-0 по прецизната асистенција на Жота:

- Оглас -

Најнови вести