Навивачите на Сити и Челзи со тупаници среде раскрсница се загреваа за финалето (видео)

Манчестер сити и Челзи утре (21 часот) ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на шампионите кое ќе се одржи на „Драгао“ стадионот во Порто. Навивачите на двата финалисти веќе го сторија тоа со тупаници среде раскрсница, по што го прекршија јавниот ред и мир во португалскиот град.

Како што е познато, УЕФА дозволи финалето да се игра пред ограничен број на гледачи, а Сити и Челзи ќе бидат бодрени од по 6.000 навивачи на двете страни. Дел од нив, вчера навечер решија физички да се пресметаат.

https://twitter.com/olhaoquete2igo/status/1398039921282228231

- Оглас -

Најнови вести