Вележ го дочекува градскиот ривал Зрињски во дербито на второто коло од Премиерлигата во БиХ, а претпладнево низ улиците на Мостар се случуваа сериозни инциденти. Навивачките групи на двата тима се судрија, летаа шишиња, камења и факли, еден угостителски објект беше демолиран, а реагираше и полицијата, па на моменти не се знаеше ни кој пука, ни кој се тепа.
На стадионот „Роѓени“ во Врапчиќи каде Вележ првпат ќе игра како домаќин, вечерва ќе нема публика, но очигледно на фановите на двата тима многу им значи мостарското дерби. Инаку, за Зрињски навиваат етнички Хрвати, додека Вележ го бодрат претежно муслимани.
Погледнете дел од „атмосферата“ во Мостар пред градското дерби:
Vatreno jutro pred derbi #Mostar pic.twitter.com/V4QbzGwesL
— Bljesak.info (@Bljesak) August 8, 2020
Tučnjava u #Mostar
(Snimio čitatelj) pic.twitter.com/dCV2zownfB— Bljesak.info (@Bljesak) August 8, 2020