Навивачите на Велс во хумана акција за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Голем број велшки навивачи се очекува да присуствуваат на утрешниот натпревар Македонија – Велс од квалификациите за СП 2026, дел од нив денеска присуствуваа на второлигашкиот меч Македонија Ѓ.П. – Вардарски, а Велшаните имаат и хумана мисија, собираат пари за семејствата на настраданите во Кочани.

Здружението на навивачи на велшката репрезентација започна кампања за собирање донации за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани.

Утре во 12 часот во комплексот на ФФМ, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, ќе се одигра и еден хуманитарен натпревар помеѓу фудбалскиот клуб Слободен и екипа составена од велшки навивачи.

- Оглас -

Најнови вести