Навивачите на Ѕвезда направија скандал кој го згрози регионот (Фото+Видео)

Навивачката група на Црвена ѕвезда, популарните „Делии“, синоќа направија скандал кој го згрози екс-ју регионот, поради пораките кои ги испратија фановите на белградските Црвено-бели и тоа на ватерполо натпревар.

Ватерполо клубот Црвена ѕвезда, за нов тренер го постави Мирко Вичевиќ, хртватски Црногорец, и тоа ги налути фановите, па истакнаа транспарент со навредлива содржина, а го скандираа и името на обвинетиот воен злосторник Ратко Младиќ. Истиот транспарент се појавуваше и кога за Ѕвезда заигра словенечкиот кошаркар со босанско потекло, Ален Омиќ.

Вичевиќ играше за репрезентацијата на Југославија која освои златен медал на Олимписките игри во Сеул 1988 година. Тој е најтрофеен црногорски ватерполист, беше прв капитен на селекцијата на Црна Гора, но екстремните навивачи на Ѕвезда бараат да си замине.

Делиите се против Вичевиќ затоа што е Хрват, и затоа што беше политички ангажиран во партијата на Мило Ѓукановиќ во Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести