Навивачите не простуваат, го разголеа директорот на Крузеиро

Директорот за комуникации на Крузеиро, Валдир Барбоса настрада и јавно беше „разголен“ од навивачите на Крузеиро, клуб кој е во вистински хаос по испаѓањето од популарната Серија А во Бразил.

За Крузеиро ова е прва преселба во Втората лига во клупската историја, а Барбоса беше „казнет“ од навивачите на бизарен начин.

Во Бело Хоризонте на јавни места беа излепени експолицитни фотографии на Барбоса, до кои навивачите дошле со трик, навлекувајќи го лажно директорот за комуникации на Крузеиро.

Лажно претставувајќи се го измамиле Барбоса да им ги испрати своите фотографии од мобилниот телефон и потоа ги објавија на јавни места во Бело Хоризонте.

Се очекува реакција на клубот, а можно е поради експлицитните слики да биде казнет и Барбоса, па дури и да добие отказ.

- Оглас -

Најнови вести