8.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Навивачко лудило: Малата земја за првпат избори пласман на СП (Видео)

Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде место каде што за првпат ќе учествуваат најдобрите 48 селекции во светот. Тоа даде шанса за земји кои никогаш не биле дел од завршницата да играат на планетарниот собир.

Една од тие репрезентации е и Зеленортски Острови, која се избори за дебитантски настап на Мундијалот. На свој терен Зеленортски Острови славеше над Есватини со 3:0, што беше доволно за огромна радост на трибините.

Зеленортски Острови е земја која има само 520.000 жители. Таа е втора најмала држава во светот која ќе игра на СП, зад Исланд, кој има 350.000 жители.

- Оглас -

Најнови вести