Италијанската новинарка Грета Бекаља остана во неверување кога додека во живо даваше извештај од локалното фудбалско дерби меѓу Емполи и Фиорентина, беше сексуално нападната од еден навивач.
Навивач на Фиорентина ја удри новинарката по задникот, а тоа беше забележано на ТВ. Иако изненадена и збунета, Грета продолжи со извештајот.
https://twitter.com/i/status/1464942153432457216
Полицијата брзо го идентификуваше напаѓачот, кој се вика Андреа Серани. Првично казната за Серани е забрана за посетување спортски настани во следните три години, а доколку биде подигнато и обвинение против него, ќе го чека дополнителна казна.