Навивачот на Барнли со банерот на авион доби отказ од работа

Навивачот на Барнли кој ја презеде одговорноста за истакнувањето банер на кој пишуваше „Животите на белците се важни Барнли“ како контра на движењето за правата на црнците и паролата „Животите на црните се важни“ доби отказ од рабтонто место.

Како што објавивме, станува збор за човек кој сам се пофали на „Фејсбук“ за стореното дело во Манчестер за време на мечот Сити – Барнли и напиша дека нема да се извини никому за тоа што го направи. Џејк Хепл остана без работа бидејќи ги прекршил правилата на однесување во компанијата во која бил вработен, а клубот Барнли најави дека ќе го казни со доживотна забрана за влез на нивниот стадион.

„Не сум расист, иако се обидуваат да ми го залепат тоа како етикета. Имам пријатели кои се од црната и жолтата раса. Банерот беше инспириран од движењето Black Liver Matter. Не сакав да го навредам движењето за правата на црните луѓе. Но, мислам дека е важно да се каже дека и животите на белците се важни. Тоа сакав да го кажам“, рече Хепл.

- Оглас -

Најнови вести