Фан на Барнли ја презеде одговорноста за расистичкиот банер, но нема намера да се извини

Навивач на Барнли кој се вика Џејк Хепл преку „Фејсбук“ призна дека тој ја направил акцијата со авионот кој го надлета стадионот на Манчестер сити носејќи банер на којшто пишуваше „Животите на белците се важни Барнли“ само по неколку минути откако фудбалерите на двата тима клекнаа на колена во знак на поддршка на движењето за правата на црнците.

Хепл ја презеде одговорноста, но не жали за постапката која се смета за расистичка и не се извини, за разлика од клубот Барнли, кој уште додека траеше мечот кој го загубија со 0-5, испрати соопштение со осуда.

„Сакам да ја искористам можноста да се извинам… Никому!“, порача Хепл.

Клубот Барнли вети дека лицето кое е одговорно за ова ќе добие доживотна забрана за влез на нивниот стадион.

- Оглас -

Најнови вести