Навивачот на Њукасл е во стабилна состојба, мечот продолжи со гол на Сон (Видео)

Навивачот на Њукасл е во стабилна состојба, откако во текот на првото полувреме на дуелот со Тотенхем му се слоши на трибините, а првото полувреме се доигра со уште еден гол на гостите од Лондон.

https://twitter.com/beINSPORTS_EN/status/1449780357579091968?s=20

Тотенхем води со 3:1, откако до прекинот имаше предност од 2:1. Хјунг-Мин Сон постигна гол веднаш откако продолжи мечот, кој беше во прекин околу половина час.

Во финишот на првото полувреме бекот на гостите, Регулион прв забележа дека нешто се случува на трибината до него и молневито реагираше кај судијата за да се прекине мечот и да се пружи прва помош на навивачот на Њукасл.

Имаше информации дека се работи за серцев удар, а за среќа навивачот на Њукасл е во стабилна состојба, па натпреварот продолжи.

Калум Вилсон во втората минута му донесе предност на Њукасл, но следеше пресврт со головите на Ндомбеле и Кејн за Тотенхем. Потоа мечот беше прекинат, па продолжи со гол на Сон за 3:1 по првото полувреме на „Сент Џејмс парк“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести