Навивачот на Њукасл преживеа, ама таква среќа немаше кошаркар кој колабира на теренот и почина во болница

Страшни вести доаѓаат од Италија, каде што играчот на третолигашот Фортитуда го загуби животот.

Станува збор за кошаркарот Хаитем Џабур Фатал, кој на 32-годишна возраст викендов колабира на теренот, а подоцна и почина во болница.

Откако овој кошаркар ја загуби свеста, судијата веднаш го прекина натпреварот и ја повика брзата помош, која исто така реагираше експресно.

Во својата кариера овој кошаркар има настапувано во голем број тимови од пониските рангови.

Вчера слична случка имаше на премиерлигашкиот натпревар меѓу Њукасл и Тотенхем, каде што навивач колабира на трибините, а благодарение на брзата реакција на играчите на Тотенхем и медицинската екипа, беше избегната трагедија.

- Оглас -

Најнови вести