На здравје добивка со Типстерските совети

Убав почеток на новата седмица имаат обложувачите што го послушаа нашиот совет и го одиграа тикетот со пет двојки од неделните Типстерски совети.

Коефициентот е сосема солиден и на тикет уплатен во Sport Life изнесуваше 24.45. За почеток прецизно погодовиме дека на „Жози Бартел“ Луксембург и Португалија ќе ја продолжат неверојатната традиција во меѓусебните мечеви и дека деветти пат по ред ќе одиграат со 1-3 гола и во првото и во второто полувреме.

Бруно Фернандеш во 39-тата минута и Кристијано Роналдо во 86-тата минута ја погодија мрежата на Луксембург за погоден коефициент од 1.64. Скромно, ама и добро за почеток, со заокружен прв пар на тикетот со пет двојки.

Србија и Украина уште во првото полувреме, по малку повеќе од половина час игра постигнаа по еден гол, таман за нашиот тип Гол-Гол со квота 1.85. Србите за првпат во шестиот меѓусебен меч ѝ ја затресоа мрежата на Украина, а ние со нетрпение го чекавме следниот турнус на квалификациски мечеви од 18 и од 20.45 часот.

Не беше лесно да се погоди дека Бугарија пред празни трибини и во исклучително лоша форма нема да загуби од Чешка. На „Васил Левски“ имаше само деца на трибините по казната од УЕФА за расистички навреди кон англиските репрезентативци на претходниот меч, а радоста беше голема. Божиков погоди за победа на домаќините, а и третиот предлог 1Х со коефициент 1.98 на неделните Типстерски совети излезе прецизен.

Во исто време Англија го декласира Косово со 4:0 во Приштина, со двојка на полувреме и на крај, па стигнавме до четири од четири, тука со погоден коефициент од 2.12 за тип 2-2.

Истиот знак го одигравме и за последниот меч на тикетот, со прогноза дека Франција ќе води против Албанија во Тирана на полувреме и дека ќе го добие мечот. За 2-2 во Sport Life коефициентот беше 1.92, а за да излезе, се погрижија Толисо и Гриезман со голови во првите половина час.

Вкупно на петте меча уплатени во Sport Life добитната квота е 24.45, или за уплатени 100 денари, ќарот е 2.445 денари. Кој одигра, на здравје добивка, а ние продолжуваме со Типстерските совети секој ден.

Читајте Спорт Манија, следете ги нашите анализи и предлог-типови и секако уживајте во добитни тикети во Sport Lajf.

- Оглас -

Најнови вести