НБА го објави распоредот, сезоната ја отвора Дурант против Голден стејт

НБА лигата го објави распоредот на натпреварот за првата полусезона, тоа се мечевите од 22 декември до 4 март. Отворањето на сезоната ќе биде со два интересни мечеви. На 22 декември, Бруклин нетс го пречекува Голден Стејт вориорс, што значи дуел на Кевин Дурант со неговиот поранешен клуб. Потоа во Лос Анџелес ќе играат градските ривали Лејкерс против Клиперс.

Секој тим во регуларната сезона ќе игра по 72 меча. Регуларната сезона ќе заврши на 16-ти мај.

Американските медиуми издвоија мечеви кои „мора да се видат“. Секако тоа се првите мечеви со кои ќе се отвори сезоната, потоа божиќните дербија, па првиот братски дуел на Лонзо и ЛаМело Бол на 8 јануари. Како големи дербија се најавуваат и гостувањето на Расел Вестбрук во Хјустон на 26 јануари и реваншот на 15 февруари во Вашингтон кога Џон Вол првпат ќе гостува во главниот град.

На 21 јануари првакот Лејкерс гостува кај Милвоки, а на 18-ти јануари во Лос Анџелес на Лејкерс им гостува Нетс.

- Оглас -

Најнови вести