НБА ќе биде топ-интересна – Дурант се врати и одигра прв меч за Бруклин по пауза од цела сезона (Видео)

Кевин Дурант повторно игра кошарка и на радост на љубителите на НБА-лигата, пак е во топ-форма. Еден од најдобрите кошаркари во најсилната лига на светот ноќеска дебитираше за Бруклин нетс, во победата на неговиот нов тим од 119:114 против Вашингтон визардс.

За популарниот Дурантула ова беше прв меч по настапот во финалето во 2019 година, тогаш како кошаркар на Голден стејт вориорс. Повредата на Ахиловата тетива го одвои од терените цела сезона, а ноќеска во претсезонски меч најави дека ќе биде големо засилување на Бруклин нетс, заедно со уште една Олстар-ѕвезда во тимот, Кајри Ирвинг.

„Конечно се вратив и чувството пак да играш кошарка е прекрасно. Ова е прв чекор и сега треба да ја вратам старата рутина. Сè уште има време до стартот на сезоната за да бидам во топ-форма“, изјави Дурант.

Дурант играше малку помалку од 24 минути и постигна 15 минути, а кам-бекот му беше со забивање. Ирвинг, кој исто така се мачеше со повреди во ланската сезона, беше најефикасен на мечот со 18 поени, колку што постигна и Хачимура од Вашингтон визардс.

Вторпат по ред во претсезонски меч играат и ривалите од Лос Анџелес и пак подобар беше актуелнито првак. Лос Анџелес лејкерс убедливо ги победија Клиперс со 131:106, откако две ноќи претходно славеа со 87:81.

Резултати: Бруклин нетс – Вашингтон виазрдс 119:114, Л.А. лејкерс – Л.А клиперс 131:106, Детроит пистонс – Њујорк никс 99:91, Чикаго булс – Хјустон рокитс 104:91, Портланд трејлблејзерс – Сакраменто кингс 106:121.

- Оглас -

Најнови вести