НБА-екипата на Мајами хит реши да му даде голема почит на еден од најдобрите кошаркари во клупската историја Двејн Вејд. Пред салата во која играат Жешките е поставена статуа која требаше да личи на Вејд, но легендарниот кошаркар беше изненаден.
Вејд цели 15 години го носеше дресот на Мајами хит и го предводеше тимот до три титули во НБА-лигата. Кошаркарот со нетрпение го очекуваше овој момент, но кога виде како изгледа неговиот лик на статуата, беше негативно изненаден.
https://twitter.com/i/status/1850742408641696041
Освен што со неверување гледаше во статуата, Вејд не можеше, а да не искоментира, па кога го започна говорот пред 2,4 метри високата бронзена статуа, со чудење праша: „Ова е лудо, не можам да верувам. Кој е овој човек?“, а потоа додаде дека салата на Мајами е неговиот спортски дом.
https://twitter.com/i/status/1850661874289004744
Оваа смешка статуа беше инспирација за многу шеговити постови по социјалните мрежи, а некои ја споредија со смешната статуа која ја доби Роналдо пред неколку години.
DWYANE WADE STATUE 🔥
Miami Heat unveil D-Wade’s statue outside Kaseya Center pic.twitter.com/5u5RD0vctA
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 27, 2024