Никола Милутинов беше незадржлив, играше во НБА стил со 18 поени и 18 скокови, а го предводеше Олимпијакос до убедлива победа против Панатинаикос.
Грчкото дерби во Евролигата не понуди неизвесност, домаќините беа пресилни и го победија вечниот ривал со 79:65.
Веќе по првото полувреме беше јасно дека избраниците на Давид Блат ќе слават и тоа убедливо. Водеа со 41:25 по 20 минути игра, а така продолѓија и во третиот период.
И на крајот и ја постигнаа целта да го добијат мечот со повеќе од 13 поени разлика, колку што Панатинакос славеше на првиот меч. Подобрата кош-разлика може во одредена варијанта да биде решавачка за место во Топ-8 во Евролигата, но како играат во моментов, кошаркарите на Олимпијакос се многу поблиску до целта од ривалот.
Покрај Милутинов за Олимпијакос и Штрелниекс постигна 18 поени, а Папаниколау уфрли 12. Кај Панатинаикос само двајца кошаркари ја минаа двоцифрената граница. Ветеранот Калатес постигна 13, а Лекавичиус уфрли 10 поени.