НБА-шампион со Бостон и Лејкерси уапсен поради дрога и оружје

Поранешната НБА-ѕвезда Ражон Рондо (37) изминатиот викенд е уапсен во Сојузната држава Индија поради поседување на огнено оружје, прибор за дрога и марихуана.

„Тој е запрен поради сообраќаен прекршок. Полицаецот намирисал марихуана поради што е извршен претрес на автомобилот и се пронајдени пиштол, марихуана за лична употреба и прибор за дрога“, соопшти сојузната полиција на Индијана.

Рондо потоа е однесен во затворот во Џексон каунти, каде што платил кауција и веднаш бил пуштен на слобода.

Ова не е првпат Рондо да има проблеми со законот. Тој во 2022 година беше уапсен бидејќи на мајката на неговите две деца и се заканувал со пиштол.

Ражон Рондо во НБА-лигата играше 16 сезони настапувајќи за Бостон, Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс ЛА лејкерс, Атланта, ЛА клиперс и Кливленд, кој му беше последен тим во кариерата пред да се пензионира во 2022 година.

Со екипите на Бостон селтикс во 2008 година и во Лос Анџелес лејкерс во 2020 година ја освои шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести