Не чекајте, играјте Спортска прогноза, можеби ова коло ќе ви се исплати

Полека го фаќаме ритамот на Спортската прогноза. Веќе стигнавме до петтото коло, кое нуди нови 13+2 парови за типување преку кои може да се дојде до примамливите награди. За ова коло е предвидено едно големо дерби, најголемото во Италија. Во Милано на „Џузепе Меаца“ гостува италијанскиот првак Јувентус, а ќе ги пречека главниот конкурент за титулата, Интер, предводен од Антонио Конте.

Токму овој меч може да го одреди текот на колото, во зависност од исходот од ова дерби ќе се знае колку прогнозери ќе стигнат до минимумот за наградите и, пред сè, за главната награда iPhone XS. Доколку погодените парови не се доволно за награда, тие ќе се бројат во Генералниот пласман.

Типувањето во ова коло е веќе започнато пред два дена, а прилика да се типува имате сè до сабота, до 15:30 часот, кога е последен рок за учество во петтото коло на Спортската прогноза.

Наградите се веќе познати: за прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки од основната програма џек-пот ќе биде прекрасниот мобилен телефон iPhone XS, за 12-ка се добива ваучер од 1.000 денари, а 500 денари ваучер е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Учеството во секое коло е императив во битката за врвот во Генералниот пласман, се бројат и поените од резервните двојки, а и тука наградите се примамливи.

Најдобриот прогнозер во втората сезона ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000 и 200.000 за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ-5.

- Оглас -

Најнови вести