Не е доцна за Спортска прогноза, типувајте го петтото коло до 15.30 часот

Со дуелите од Бундеслигата меѓу Баер и Лајпциг, односно Падерборн и Мајнц што ќе се играат денеска од 15.30 часот почнува трката за поени во петтото коло од новата сезона на Спортската прогноза, а тоа е и последниот термин до кој можете да се вклучите во игра за одлични награди во оваа рунда.

Има многу интересни натпревари во ова коло, а фокусот секако ќе биде на „Дербито на Италија“ меѓу Интер и Јувентус. Старите ривали од Чизмата ќе се надигруваат за бодови, што водат директно на врвот. Моментно лидер е Интер, кој е и домаќин на големото дерби од 20.45 часот во недела и со победа и реми останува на врвот. Јувентус со триумф ќе скокне на позицијата на која е најчесто во последните 8 години, кога ги освојуваше титулите во Италија, што е една од најдолгите низи во светот на фудбалот.

Внимание привлекува и денешниот дуел меѓу Џенова и Милан, исто така со почеток во 20.45 часот. Горан Пандев и соиграчите на свој терен ќе се обидат да ја сопрат серијата од 4 меча без победа и да ја искористат кризата кај гигантот од Милано, кој нанижа три порази по ред.

Тука се и мечевите од Франција, Шпанија, а колото завршува во понеделник со мечот од популарната германска Цвајта меѓу Оснабрик и Арминија Билефелд. За некого можеби и меч за главната премија во колото, а за сите вас можност да се обидете да ги проверите вашите прогнозерски квалитети.

Забавата е загарантирана, играта е бесплатна, а главна награда во секое коло е прекрасниот „iPhone XS“ што ќе го добие најдобриот прогнозер со погодени 13 двојки од основната програма на Спортската прогноза.

Прогнозирањето е едноставно и лесно достапно на официјалната интернет страница на обложувалниците на Sport Life, а типувањето е вистинска рутина. Се што ви е неопходно е да имате Sport Life картичка за да бидете учесници во Спортската прогноза и да покажете вештина во типувањето на основните 13 двојки, плус два резервни парови, кои носат поени во трката за Генерален пласман.

Главната битка во ова, но и во сите наредни рунди од Спортската прогноза е за „Ајфонот“, потоа следи ваучер од 1.000 денари за погодени 12 двојки во секое коло и ваучер од 500 денари за сите што ќе успеат да стасаат до единаесет погодени парови од понудените 13.

Не ја заборавајте и трката во Генерален пласман за главната награда „Смарт ТВ 48 инчи“. И тука има дополнителни награди, па затоа е важно да се погодат и двата резервни парови од понудата за секое коло.

За второпласираниот прогнозер во вкупен поредок на крајот од сезоната следуваат 500.000 SL маркет поени, за треторангираниот 400.000 поени, за следниот 300.000 поени и за заокружување на топ-5 најдобри прогнозери се добива 200.000 поени, кои можете да ги искористите за уплата на тикети, или за нарачка на производите што ги нуди Sport Life со богат избор, кој можете да го најдете во SL маркетот на нашата позната обложувалница.

 

- Оглас -

Најнови вести